Илија Лазаревиќ, момчето што исчезна кон крајот на март 2021 година, е починатото лице што беше пронајдено во бездна кај местото наречено Просек, Демир Капија, на 27 март годинава.

Веста ја потврди мајка му Снежана. Таа вели дека местото на кое бил пронајден во минатото Илија честопати го посетувал бидејќи сакал да шета во природа. Бидејќи теренот е стрмен, најверојатно, се лизнал и така паднал во бездната.

„По две години потрага, нашиот син Илија Лазаревиќ од Демир Капија, наместо добра и убава вест да слушнам, слушнав тажна вест дека мојот син е најден мртов во Демир Капија на Просек во бездна“, објави мајката на Илија.