Буда кажал: „Дури ни твоите најлоши непријатели не можат да ти наштетат така како твоите немирни мисли“. Прочитајте го ова кратко, но многу важно упатство на тибетските мудреци за среќен живот:
- Ако ти се допаѓа – кажи го тоа.
- Ако не ти се допаѓа – кажи го тоа.
- Ако ти недостасува некој – јави му се.
- Ако нешто не ти е јасно – прашај.
- Ако сакаш да се запознаеш со некого – јави му се.
- Ако сакаш нешто – побарај го.
- Никогаш не расправај се.
- Ако сакаш да те разберат – објасни.
- Ако си виновен, кажи го тоа веднаш и не барај изговори.
- Запомни дека секој има своја вистина и дека таа честопати не се поклопува со твојата.
- Немој да се дружиш со лоши луѓе.
- Главното нешто во животот е љубовта, сѐ друго е суета.