Стразбур предлага, Рашковски и Станчев одбиваат да се спогодат со државата за притворот во „Софтвери“

Date:

Судот за човекови права, по жалбите на двајцата обвинети за „Софтвери“, понудил да се спогодат со државата, во врска потенцијалните прекршувања на човековите права поврзано со мерката притвор која им беше одредена при истрагата. Но, Рашковски и Станчев сакаат пресуда која, според нив, ќе докаже дека биле неправедно притворени.


Даниел Станчев, сопственикот на фирмата „Инвока груп“, која е опфатена во случајот за набавка на софтвер од страна на Рашковски како генерален секретар на Владата, тврди и дека додека бил во затворот во Шуто Оризари му била нудена спогодба за да сведочи против Рашковски. Лица од тимот на Русковска, според него, му доаѓале и дома, а вршеле и притисоци врз судечкиот совет.

Пред од обвинителна клупа да ја слушнат пресудата во случајот „Софтвери“, поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока груп“, Даниел Станчев, пред медиумите држеа прес-конференција соопштувајќи дека нивните жалби до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во врска со тоа што издржуваа притвор, биле прифатени и оти планираат да одат до крај, односно не прифаќаат да се спогодат со државата.

Изнесоа и низа обвинувања за притисоци од страна на тимот на поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска која, пак, досега неколкупати јавно реагираше дека тоа што одлучила да го гони токму Рашковски е еден од случаите кои ѝ „пресудиле“ на нејзината обвинителска кариера.

Рашковски, обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања, денеска ги уверуваше новинарите дека не врши никаков притисок на Основниот кривичен суд Скопје во пресрет на изрекувањето на пресудата в четврток, туку тајмингот за неговата прес-конференција го определило тоа што минатиот петок добиле одговор од Стразбур за нивните жалби.

Имено, станува збор за седум жалби, од кои ЕСЧП ги известил дека шест спојува во еден предмет заради економичност на постапката. Од шесте, три се на Рашковски, а три на Станчев. Пет се во однос на определените мерки притвор, а една е за замрзнувањето на имотот на поранешниот генерален секретар. Седмата жалба која не е дел од оваа постапка, е поврзана со претресите, но за неа сè уште нема конкретен одговор.

Стразбур, според тврдењата на Рашковски, им понудил да се спогодат со државата, но тие одбиваат такво нешто бидејќи се уверени дека неосновано се држеле во притвор.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бабунски: Нашата цел е победа против Латвија и потврда на првото место

Во пресрет на натпреварот со Латвија, македонскиот фудбалски репрезентативец...

Нарече противнички играч „Џеки Чен“, па доби десет натпревари казна за расизам

Meѓународната фудбалска репрезентација ФИФА го казни фудбалерот на Комо,...

АЛЕКСЕЈ ПОПИРИН ЗАГУБИ ВО ТРЕТОТО КОЛО НА ТУРНИРОТ ВО ШАНГАЈ ОД ГРИГОР ДИМИТРОВ

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласираше во осминафиналето на...

Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство

Филмот „'Рѓа“ (Rust) ќе биде премиерно прикажан на филмскиот...