Среде лет откажал моторот на aвион кој летал за Сиднеј, чудо ги спасило патниците

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Патниците на летот на Qantas открија како слушнале силен тресок додека левиот мотор на авионот откажал во воздух – но изјавиле дека не биле свесни за сериозноста на ситуацијата сè додека не слетале.

QF144 предизвикал страв ширум светот откако пилотот упатил повик на половина пат од патувањето на авионот кој летал од Окленд до Сиднеј, при што болничарите брзале кон аеродромот во Сиднеј, а 200.000 луѓе го следеле проблематичниот лет на FlightRadar.

Но, патниците на летот не биле свесни за сериозноста на ситуацијата. Првите патници што се симнале од авионот рекле дека не им било кажано дека моторот претрпел дефект, едноставно дека имало некаков проблем откако слушнале силен тресок во воздухот.

Се претпоставува дека пилотот им подал рака на сите 145 патници додека го напуштале авионот.

Повикот за паника бил направен приближно на половина пат од летот до Сиднеј, кој траел нешто повеќе од три часа.

„145-те патници во авионот нормално се симнаа од леталото. Иако исклучувањето на моторот при лет е ретко, и природно би било патниците да се загрижени, нашите пилоти се обучени да управуваат со нив безбедно и авионите се дизајнирани да летаат подолг период на еден мотор“, велат од авиокомпанијата.

Повеќе од 100.000 луѓе го следеле летот на радар додека се приближувал кон Сиднеј.

Qantas се смета за една од најбезбедните авиокомпании во светот без фатална несреќа во повеќе од 70 години.

[/et_pb_text][et_pb_image _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” title_text=”австра3″ src=”https://mactel.com.au/wp-content/uploads/2023/01/3-1.png” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″][/et_pb_image][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...