Србија тагува по масакрот на Врачар каде засекогаш згаснаа девет животи – Ученик уби 8 соученици и еден чувар

Date:

Илјадници луѓе се собраа во средата вечерта пред Министерството за образование на Немањина 22 во Белград. Дел од гневните учесници на протестот се изјаснија дека нема да мрднат од Министерството за образование и побараа оставка од министерот за образование Бранко Ружиќ.

Неколку илјади луѓе, откако им оддадоа почит на жртвите од масакрот на Цветни трг, пешачеа до Министерството за образование. Ги предводеа ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“, каде денеска се случи масакрот.

Да потсетиме, Коста К.(14), ученик во седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“ утрово околу 8 часот и 40 минути вооружен дошол во училиштето и отворил оган. Загинаа 8 ученици и училишен чувар, а ранети се уште 5 ученици и еден професор по историја.

За утре во 14 часот е закажан собир во Третата белградска гимназија, која се наоѓа веднаш до ОУ „Владислав Рибникар“, за да им се оддаде почит на жртвите.

Ситуацијата по масакрот, посебно во врска со истрагата и со претпоставките на евентуалната одговорност на момчето Коста К., е прилично конфузна. Убиецот сѐ уште нема наполнето 14 години, што е законската старосна граница на која малолетникот станува кривично одговорен.

Тоа што денес претседателот Александар Вучиќ најави намалување на старосната граница за кривична одговорност, од 14 на 12 години, во однос на овој случај нема да значи апсолутно ништо. Евентуалните измени на Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица нема да важат ретроактивно и нема да го засегнат малолетникот Коста К.

Во членот 2 од Законот за малолетни сторители се вели дека „на лице што во моментот на извршување на незаконито дело, дефинирано како кривично дело, било на возраст под 14 години, не може да му се изречат кривични санкции или да се применат други мерки предвидени во овој закон“, пишува Блиц.

Постои сомнеж дека убиецот, кој внимателно го испланирал целиот напад, знаел за овие законски одредби што му одат во прилог. Но, што и да е така? Властите во Белград во овој момент не знаат што да прават ни со убиецот ни со неговите родители. Коста К. Беше однесен во посебно одделение на Невропсихијатриската клиника, но не се знае дали и колку ќе биде задржан таму. Неговиот татко, чие оружје користел убиецот, е задржан во полиција 48 часа, по што треба да се знае дали против него ќе се води кривична постапка.

Ирина Боровиќ, адвокатката на Коста К., за порталот Нова објасни дека сега треба да се направат токсиколошки анализи во ВМА, по што претставник од Центарот за социјална работа ќе разговара со него. Потоа со него ќе разговараат психолог и психијатар, а од тоа ќе зависат следните чекори.

И додека после масакрот на сите институции опрактилно им се врзани рацете, дебатата за безумниот, но добро испланиран напад, се води на социјалните мрежи. Луѓето најчесто го осудуваат, но има дури и такви кои го слават Коста К. како херој. На ова укажа и Вучич, кога во обраќањето до јавноста нагласи:

„Кога ќе ја погледнете шемата што ја нацртало момчето, ќе видите дека играл некаква игра. Гледате дека не се кае, дека не разбира што направил.“

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...