Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола со години е затворена

Date:

Деновиве е актуелен проблемот со чествувањето на апостолот на македонската национална борба Гоце Делчев. Но, покрај распродавањето на неговиот идеолошки легат, и спомен куќата на Делчев во Битола со години е затворена. Причината поради која е затворена е наводно лошата состојба во која се наоѓа објектот.

Министерството за култура не одобрува или одобрува само шест проценти од вкупните потребни средства за конзервација и реставрација на фасадата, па според тоа не може да се предвиди кога би била повторно отворена за посетители. Минатата година биле доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, а оваа година со Годишната програма на Министерството за култура се доделени само 350.000 денари, од побараните 5.799.000 денари за целосна реализација на проектот.

Во оваа куќа Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор отишол во посета на војводата Даме Груев и остварил други средби со истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација, кој на крај завршил како вреден експонат во куќата.

Распродавањето на културните, идентитетските и националните маркери е модус операнди на оваа власт. Веќе е евидентно дека запуштањето на културното наследство и историските столбови систематски и тенденциозно се спроведува, сè во интерес на соседските шовинистичките политики и внатрешното национално разградување.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...