Со прекумерното празнење, Тиквешкото Езеро полека, но сигурно пропаѓа!

Date:

Тиквешкото Езеро пропаѓа и покрај тоа што пред една година надлежните институции во државава најавија дека ќе најдат решение за негов спас. Од партијата Левица потенцираат дека на точно една година по првичната иницијатива за спас на Тиквешкото Езеро и донесените заклучоци, граѓаните и јавноста сѐ уште се во потрага по одговори од кавадаречките пратеници во власта.

– Тие требаше да го актуализираат прашањето за состојбата и неговиот опстанок пред соодветнaта комисија за европски прашања и животна средина во Парламентот. Требаше да иницираат средба со премиерот и со министерот за животна средина, од која требаше да се извлечат идејни решенија за излез од, како што нагласуваат, бездната – сметаат од Левица.

Оттаму нагласуваат дека единствената произлезена идеја оттаму е свесно да се доупропасти состојбата со езерото за на потенцијалниот инвеститор на ХЕ „Чебрен“ да му се даде на мираз ХЕЦ „Тиквеш“, со што тој би се прикажал како единствен спасител.

– Будни сведоци сме оти во последниве неколку години, Тиквешкото Езеро полека, но сигурно пропаѓа, нивото на водата свесно се намалува до точка на негово комплетно уништување, а последиците и штетите од ваквото недомаќинско однесување се трајни и непоправливи – предупредуваат од Левица и додаваат дека прекумерното празнење довело до тоа езерото повеќе да не е препознатливо, пред сѐ, на штета на хидросистемот од кој зависи целиот Тиквешки Регион.

Тие наведуваат дека сето тоа доведува до губење на биодиверзитетот, што, пак, од друга страна, предизвикува исчезнување на клучните видови во екосистемите, кои обезбедуваат суштински услуги на истите, а локалното земјоделство и воопшто локалниот туризам се веќе маргинализирани.

– Идеите и желбите за постојана миграција на граѓани и семејства од подрачјето на Град Кавадарци кон викенд-населбите околу езерото, сега кога речиси се создадени потребните услови за живеење (инфраструктура, вода за пиење и сл.), стануваат илузија. Имотите на граѓаните што редовно плаќаат даноци и уредно се легализирани, се тотално надвор од функција поради лошиот пристап предизвикан од ниското ниво на водата – потенцираат од Левица.

Оттаму наведуваат дека се згрозени од „ваквиот во низа уште еден антидржавнички обид за распродавање на националното богатство на земјата“ и ветуваат дека ќе се борат со сите правни механизми до крај за спречување на отуѓувањето на Тиквешкото Езеро и негово враќање во полн сјај, бидејќи неговиот опстанок е од суштинско значење како за градот Кавадарци така и за целиот Тиквешки Регион и Република Македонија.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...