СОСТОЈБАТА ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПОЧЕТОКОТ НА РИМСКАТА ОКУПАЦИЈА (8)

Date:

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Подоцнешната судбина на многу македонски градови е помалку позната. Така на пример, Хераклеа е спомната последен пат во V век во врска со инвазијата на Готите на Илирик, 472 и 479 година. Градот Амфипол во 500 година кога е изградена големата базилика, додека во 692 година нејзиниот епископ учествувал на Трулскиот екуменски собор. Аполонија во Мигдонија се споменува во VIII век, Пела во 478 година, Стибера IV век, Арго во Пеонија покрај Велес во VI век, Астибо и Багдала на североисток на Македонија се споменува во 451 година, а во врска со Халкедонскиот собор.


Добер кај Струмица последен пат е евидентиран во 449 година. Градот Сер (Серес), еден од најпознатите градови во Источна Македонија своето име и постоење го сочувал до најстарите времиња преку средниот век, до денес. Во римскиот период, градот бил самостоен.


Друг важен град од овој дел на Македонија е Филипи, по граѓанската војна во 42 н.е., населен бил и со римски ветерани и така станал римска колонија, а може да се следи до III век. Градот Касандрија може да се следи до V век, додека некои други градови на полуостровот Халкидика, како што се Стагира, Акант, Олинт и други, потешко може да се следат. Многу од македонските градови настрадале од Готите во IV век и од страна на Хуните во V век.


Не навлегувајќи во понатамошни разгледувања од прегледот на изнесените историски факти може да се утврди дека со окупацијата на Македонија и воведување на свој робовладетелски систем, Римјаните не извршиле геноцид над македонскиот народ, ниту Македонците биле раселувани или одведени во ропство. Градовите кои давала отпор биле ограбени, додека оние кои се предале биле поштедени, а другите кои им се приклучиле добиле самостојност (Ливие, XLV, 41).


Кралската каса на Персеј била запленета, кралот со децата биле интернирани во храмот на пелашките богови Кабир, на островот Самотраки. Епирските градови кои давале отпор покрај тоа што биле ограбени и ѕидините биле срушени, околу 15 000 жители биле одведени во ропство (Ливие, XLV, 34). И покрај големите рестрикции, Римјаните глобално ги исполниле ветувањата кои ги дале на Саборот во Амфипол, 167 п.н.е., за самоуправа и слободни градби, со свои закони и помали даноци, сочувување на јазикот и обичаите итн.


Во периодот на доаѓањето на Римјаните, во раното царство и доцната антика, Македонија подеднакво ја делела судбината на другите провинции, како во поглед на општествено-економски развој и во развојот на градската организација. Во тоа време идентификувани биле околу 80-100 градови, чии судбини и административна положба можеле да се следат до византиската епоха (Papazoglu, 1957).
Со формирањето на петте римски колонии во време на Август во подрачјето на Македонија, со населување на римски колонизатори и воени ветерани, не можело значајно да влијае на промената на демографскиот состав и популацијата, односно не дошло до асимилација на Македонците. Покрај тоа, е утврдено дека во текот на целиот римски период немало никакви миграции на Елините во Македонија или обратно. Историското јадро на македонското население е сочувано во географски и етнички граници.

Во Македонија е продолжен процесот на развој на културата, а населението меѓу првите на Балканот било христијанизирано. Формирани биле христијански општини, најпрво во Тесалоника и Бероја, а потоа и во други големи градови како што се Стоби, Филипи, Едеса, Касандрија, Хераклеа и слично. Покрај храмови никнувале и театри, бањи, водоводи и друго, така што духовниот живот бил исто така интензивен како и во слични градови во Елада и Италија. Меѓутоа, упадите на Готите во IV век и Хуните во V век, опустошиле многу градови во Источна Македонија, но не бил извршен геноцид над нивното население.
Како последица на долгогодишниот римски престој и неминовните обликувања, во некои средини и градови во Македонија се појавила двојазичност. Латинскиот јазик бил официјален јазик на администрацијата. Македонскиот „коини“ или Александровиот коини бил јазик на староседелците-Македонци, кој бил и преовладувачки јазик. Со доаѓањето на колонизаторите и ветераните, како и од романизираните македонски староседелци и Епири (Куцовласи), бил создаден ароманскиот или влашкиот јазик, кој бил малцински (Mpampiniotis, 1986). Така настанале влахофоните.


Со време Македонците зеле големо учество во римските легии и во христијанизацијата, а со тоа придонеле во победите и стабилизацијата на Римската империја и нејзината црквена хиерархија. И покрај извесната романизација, бил манифестиран голем отпор на асимилацијата од римската цивилизација, што во новите услови довело до одржување на етничкиот идентитет, националната и христијанската свест, до зачувување на својот јазик и обичаите, со што Македонија влегла во византискиот периот.


Кризата во доцното римско царство во III век, во времето на Диоклецијан (284-304), довела до реорганизација на целокупната државна управа и поделба на Источно и Западно. Со миланскиот едикт, 313 година, царот Константин Велики (306-337), кој според легендата, пред битката за царската власт, видел крст со врежани букви „Со ова победувај“, одобрил слободна исповед на христијанството, со што оваа религија, од прогонета била претворена во владеечка. Со тоа царот го ставил христијанскиот Бог во своја заштита, додека христијанската црква го освестувала римскиот државен поредок, оправдувајќи ја царската власт со својот авторитет. Создадено бил царско единство и единство на цркавата која станала голема социјална сила.


Заради слабеењето на стопанската сила, градот Рим го изгубил своето значење. На Исток, на границата на двата континента и важните поморки патишта, на местото на античката колонија на Босфор, Византион, изградена е во 324 година, новата престолнина на Империјата. Таа е именувана по името на нејзиниот основач Константин I, Константинопол или Цариград, чија свечена инаугурација било во 330 година. Во знак на благодарност христијанската црква го признала Константин за светител и рамен на апостолите. Затоа, уште во почетокот на создавањето, Цариград или Нов Рим имал изразит христијански карактер и висока богословска школа.


Преместувањето на државното седиште на некогашната Римската империја на Исток, го означува почетокот на византиската ера.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...