Холивудската актерка Памела Андерсон во интервју за Variety се присети на нејзината улога во серијата Baywatch каде ја играше Си-Џеј Паркер, во периодот од 1992 до 1997 година. Актерката тврди дека од серијата не заработила „речиси ништо“.
„Продуцентите на Baywatch направија богатство. Тогаш едноставно немав кој да ме претставува добро. Или знаење и искуство“, рече Памела.
Набрзо по оваа вест, се јавил нејзиниот поранешен сопруг, Џон Питерс, со кој актерката во 2020 година беше во брак само 12 дена. Тој објави дека и оставил 10 милиони долари во тестаментот.
“Секогаш ќе ја сакам Памела. Всушност, и оставив 10 милиони долари во тестаментот. Таа не го знае тоа. Никој не го знае тоа. Ова ви го кажувам за прв пат. Веројатно не треба. Тоа е само за неа, без разлика дали и требаат тие пари или не“, изјави Питерс за Variety.
Наскоро на Нетфликс треба да излезе документарниот филм за Памела Андерсон, а актерката подготвува и автобиографија.