СКОРСЕЗЕ СЕ СРЕТНА СО ПАПАТА И НАЈАВИ СНИМАЊЕ ФИЛМ ЗА ИСУС

Date:

Мартин Скорсезе ја посети Италија по гостувањето во Кан, при што се сретна со папата Фрањо и најави дека ќе снима филм за Исус.

„На апелот на папата до уметниците одговорив на единствениот начин што го знам: со замислување и пишување сценарио за филм за Исус. И ќе почнам да го правам“, рекол Скорсезе на конференција во Ватикан, пренесоа повеќе извори.

Претставниците на 80-годишниот Скорсезе изјавија за „Гардијан“ дека немаат повеќе информации за проектот од она што го кажал самиот режисер.

Скорсезе пристигна во Италија набргу по премиерата на неговиот нов филм „Убијците на цветната месечина“ на Канскиот фестивал. Тој веќе има снимено два филма со религиозна содржина, од кои „Последното искушение на Христос“ предизвика големи контроверзи.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...