Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски има сериозен напредок на АТП листата по одиграниот турнир во Тунис. 

Ивановски стигна до полуфиналето на турнирот во Монастир, Тунис, а тоа му донесе напредок на АТП листата.

 На најновата листа тој има скок од 30 позиции и сега се наоѓа на 504. место во светот.

 На лидерската позиција е Новак Ѓоковиќ, а по него се Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Андреј Рубљов и Рафаел Надал.