Македонскиот тенисер, Калин Ивановски оди напред со големи чекори, па така денеска го најдобриот пласман на АТП листата во досегашната кариера.
На Ивановски му беа запишани бодовите (21) од триумфот во австриски Крамзах, а тоа му овозможи скок од дури 30 позиции со што е многу блиску до најдобрата 300-ка на светот. Со вкупно 176 поени Калин е 306 рекет во светот, далеку пред сите кога се во прашање нашите тенисери.
Имено Горазд Србљак се наоѓа на 1130.место, додека Обрад Марковски е 1220 на планетава.
Во конкуренција на двојки, Калин е 608, Марковски 1025, Берк Бугариќ има 16 поени и се наоѓа на 1322. место, Србљак е 1916, а Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2021 позиција.
Кога се работи за врвот нема промени, Карлос Алкарас е број еден пред Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев. Во првата петка има една промена, Стефанос Циципас и Каспер Руд ги променија местата, па сега Гркот е на 4. позиција.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]