„Скинамаринк“ прогласен за „најстрашниот филм“ на денешнината

Date:

Снимањето чинело околу 15.000 долари и траело само седум дена, а филмот веќе заработи два милиона долари на киноблагајните.

Новиот експериментален хорор-филм на канадскиот режисер Кајл Едвард Бол, „Скинамаринк“ (Skinamarink) е опишан од многу гледачи како „најстрашниот филм некогаш направен“, а некои тврдат дека биле „преплашени со денови“ откако го гледале и „се плашеле повторно од темнината како кога биле деца“.

Снимањето чинело околу 15.000 долари и траело само седум дена, а филмот веќе заработи два милиона долари на киноблагајните. Во главните улоги се Лукас Пол и Дали Роуз Тетро во улогата на братот и сестрата Кевин и Кејли.

Бројни светски медиуми ги објавија своите критики. „Индепендент“ го опиша филмот како „кошмар“, со „атмосфера на ужас“, а „Инверз“ го нарече „најстрашниот филм на сите времиња“ и „зла приказна“ што ќе се гледа долго време. „Њујорк тајмс“ наведе дека „експерименталниот и агресивно неразбирлив хорор-филм плени со својот недостаток на акција“.

Филмот следи две деца – 4-годишниот Кевин и 6-годишната Кејли, кои се будат среде ноќ и откриваат дека нивните родители исчезнале, а ги нема и прозорците и вратите во нивниот дом… Потоа се сместуваат во дневната соба, гледаат цртани, надевајќи се дека на крајот некој возрасен „ќе дојде и ќе ја спаси приказната“. Сепак, по некое време станува јасно дека нешто друго „ги чува”, стои во описот на филмот.

Пред да го направи „Скинамаринк“, режисерот снимаше кратки филмови, исто така засновани на кошмари, коишто ги поставуваше на видеоплатформата Јутјуб.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Големата четворка според планот: Вардар забележа најтесна, а Охрид најубедлива победа во Суперлигата

Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид забележаа победи...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) PART II (49)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN From...

Зеленски подготвен да се сретне со Путин за време на самитот на Г20 во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил спремен...

Мицкоски откри дека има пријави и за други случаи на барање мито во институции кои се следат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања откри...