Сивата економија му нанесува сериозен удар и на пензискиот фонд

Date:

Со повеќе пари во пензискиот фонд собрани од придонеси што нелегално се избегнуваат ќе има и повеќе пари за пензионерите, вели даночниот експерт Славко Лазовски.

Сивата економија, според процените на Институтот за економски политика и развој „Фајненс тинк“ , годишно „јаде“ повеќе од 2,5 милијарди евра. Толку пари можеле, а не се слеале во државната каса, а еден дел од тие пари се и поради неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување од граѓани што работат во неформалниот сектор, или на кои сè уште еден дел од платата им се дава на рака.

Tој вели дека со повеќе пари во пензискиот фонд собрани од придонеси што нелегално се избегнуваат, ќе има и повеќе пари за пензионерите.

– Ни недостига и транспарентност. Фондот за пензиско треба редовно да објавува податоци колку придонеси се уплатени од колку фирми, да објавува списоци на фирми што редовно не плаќаат плати, а со тоа не уплатуваат и пензиски придонес. Исто така, треба да објавува и колкав данок на доход е собран од пензиите, затоа што никој не спомнува дека и пензиите се оданочуваат – вели Лазовски.

Пензионерите, пак, со денови протестираат и бараат линеарно зголемување на пензиите по 3.500 денари за секого, место процентуално зголемување согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои од септември би требало да биде околу 6 проценти.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...