Серена Вилијамс, со појавувањето на Мет Галата во Њујорк откри дека е бремена по втор пат, покажувајќи го трудничкото стомаче.
Славната тенисерка се појавила на настанот во друштво на сопругот Алексис Оханиан. Серена минатата година објави дека се повлекува од тенисот, откривајќи за „Vogue“ дека сака да го прошири своето семејство откако го доби првото дете, ќерката во 2017 година.
Вилијамс зборувајќи со новинарите кои ја интервјуирале на вчерашната Мет Гала открила дека „на настанот пристигнале тројца“.

„Бев многу возбудена кога Ана Винтур нè покани тројцата на Мет Галата“, напишала таа под објавените фотографии на Инстаграм.
Серена, која е долгогодишна пријателка со Ана Винтур, главната уредничка на „Vogue“ и главен организатор на Мет Галата, и претходно учествуваше на настанот кој го организира Институтот за костими во Музејот Метрополитен.
Тема на овогодишната гала свеченост била „Karl Lagerfeld: A Line of Beauty“ во чест на починатиот дизајнер. За оваа прилика Вилијамс носела црна „Gucci“ креација со бели детали, а трудничкиот изглед го надополнила со бисерен ѓердан и лента за глава која била исто така изработена од бисери.


