Секој втор пациент во Брза помош со симптоми на грип

Date:

За само една недела за 96 отсто е зголемен е бројот на заболени од грип, покажуваат податоците на Институот за јавно здравје. Загадениот воздух дополнително ја влошува состојбата со респираторните заболувања, но и бројните собирања на луѓето за време на празниците во затворении простории и целосно напуштање на мерките за заштита кои важеа за време на пандемијата со ковид-19.

„Бројот на пријавени лица оваа недела, значи 52 недела од минатата сезона е намален за 38,6 отсто, а во споредба со бројот за 52-ра недела од типичната епидемиска крива зголемен е за 43,9 отсто. Во однос на возрасната група 184 лица се на возраст од 15-64 години, 96 кај деца на возраст од 5-14 годинии 29 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години“, изјави доктор Шабан Мемети, директор на Институт за јавно здравје.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст меѓу 5 и 14 години. Најголем број заболени има во Гостивар 57 , Битола – 51, Прилеп – 39, Дебар – 37, Куманово – 35, Кавадарци – 29, Скопје – 24, а во Крушево, Тетово, Струмица, Македонски Брод, Штип, Охрид, бројот на пријавени е помал од 20. Регистрирани се две починати лица во Скопје и Штип, на возраст од 15 до 64 години, со регистрирани коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип, стои во Извештајот за јавно здравје.

Во изминатата ноќ драстично е зголемен и бројот на повици во Итната медицинска помош каде речиси секој втор повик бил за пациенти со грип.

„Опфатени се сите старосни групи, најосетливи се децата и повозрасните и може да бидат со потешка клиничка слика. Повозрасните поради нивните хронични заболувања, намален имунитет и вирусот може да доведе до потешки компликации. Симптоматологијата најчесто на овој грип е висока температура која трае од три до пет дена со тешко намалување на истата и кашлица која што е надразнителна, упорна и од горниот респираторен тракт“, изјави докторка Марина Сотировска од Итната медицинска помош.

Медицинските лица со апел граѓаните да ги почитуваат мерките за носење на заштитни маски во јавниот превоз и на сите места каде има поголем број луѓе во затворен простор.

Зимската сезона на грип не ја одмина ниту Европа каде бројот на заболени драстично расте. Белгија веќе прогласи епидемија каде грипот ги погоди сите возрасни групи, но најмногу децата и младите. Според статистиката на белгискиот Институт за јавно здравје, стапката на заболени од грип веќе ги надминала максимумите постигнати во претходните три зими. Романија е во состојба на епидемиолошка тревога. Во Хрватска е регистриран и прв смртен случај.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...