Само осум дена годишно во канцеларија, нов модел на работа во Австралија

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Австралиската компанија за графички дизајн Canva го редефинира зборот “флексибилен“, со својот најнов модел на работа. Според Business Insider Australia, оваа популарна австралиска платформа за графички дизајн, основана во 2013 година и со седиште во Сиднеј, неодамна објави дека распоредот за работа на нивните вработени во канцеларијата ќе го одредат нивните независни тимови. Оваа промена значи дека вработените ќе имаат поголема контрола врз тоа колку дена поминуваат во канцеларијата.

Canva се движи кон помалку “строги барања“ кога станува збор за канцелариска работа и работа на далечина. Тие сега се фокусираат, како што рекоа, на “флексибилност за вработените и поврзаноста со нив“.

“Веруваме дека традиционалната канцелариска работа ќе стане исклучок кога станува збор за иднината на работата“,се наведува во соопштението на Canva.

Компанијата додаде дека пандемијата го докажа како неточно тврдењето дека работата е најдобра само на едно место, – во канцеларија.

Вработените ќе имаат слобода да одлучуваат кога ќе дојдат во канцеларија, но се очекува тие да го посетуваат најблиското седиште на Canva осум пати годишно.

Компанијата се одлучи за нов модел на работа откако спроведе интерно истражување. Истражувањето покажа дека 79% од вработените “се чувствуваат продуктивно кога работат од дома“. Околу 81% од вработените изразија желба да продолжат со комбинирање на работа од дома и во канцеларија.

Компанијата e една од највредните стартапи во светот. Според CB Insights, вредноста на компанијата од 40 милијарди долари ја прави петта највредна стартап компанија во светот, зад кинеската компанија BiteDance, која е сопственик на TikTok, платформата за плаќање Stripe, компанијата на Илон Маск, SpaceX и шведската финансиска технолошка компанија Klarna. Сето ова, исто така, ги става ко-основачите меѓу првите 10 најбогати луѓе во Австралија.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ким Кардашијан шокираше со ѓерданот на принцезата Дијана на гала вечер

Ким Кардашијан , во саботата, присуствуваше на хуманитарниот настан...

Хајди Клум за врската со 16 години помлад сопруг: Имаме многу добар секс

Хајди Клум (51) откри ретки детали од возбудливиот љубовен...

Марта Стјуарт тврди дека Рајан Рејнолдс не е смешен во реалниот живот

Марта Стјуарт тврди дека актерот Рајан Рејнолдс, кој и...

Лијам Пејн ќе биде погребан следната недела: Телото наскоро пристигнува во Британија

Погребот на Лијам Пејн наводно треба да се одржи следната...