На два месеца пред почетокот на Светското првенство на Далечниот исток, ФИБА го направи првото рангирање на репрезентациите.
Според врвната светска кошаркарска организација, прв фаворит за титулата повторно е САД иако оваа репрезентација ќе настапи без најголемите НБА ѕвезди. На второто место е актуелниот европски и светски шампион Шпанија, а на третото е Франција.
На оваа листа има две изненадувања. Првото е Канада која ако настапи со своите најдобри кошаркари, ќе има исклучително силен тим, а сепак е рангирана на шестото место. Второто изненадување е репрезентацијата на Србија каде се уште не се знае дали ќе игра Никола Јокиќ, но сепак, според аналитичарите, би требало да заврши на осмото место.
Мора да се знае дека ФИБА го прави ова пред секое големо натпреварување, но до неговиот почеток, ќе има уште најмалку три вакви рангирања и редоследот на репрезентациите ќе се менува во зависност од кошаркарите кои ќе го потврдат својот настап, како и резултатите во подготвителниот период.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]