Русија денеска поднесе жалба оспорувајќи го блокирањето на изградбата на нејзината нова амбасада во близина на австралискиот Парламент.
Неименуван претставник на Руската амбасада соопшти дека Москва одлучила да поднесе жалба пред Високиот суд на Австралија.
Австралија минатата недела презеде правна постапка за да ја спречи Русија да ја изгради својата нова амбасада во близина на Парламентот, откако разузнавачките агенции предупредија на ризикот од шпионажа.
Кремљ веднаш го осуди „покажувањето на непријателство“, додавајќи дека на австралиската мерка ќе има „реципрочен“ одговор од Москва.
Од 2008 година Русија изнајмува од Агенција на австралиската федерална Влада парцела на околу 400 метри од Парламентот во Канбера, а во 2011 година доби дозвола за изградба на нова амбасада.
Австралиската Влада се обиде да го раскине закупот во август 2022 година поради неусогласеност со одредени клаузули од градежната дозвола, но таа одлука беше поништена од федералното судство во мај.
Русија поднесе жалба поради блокирање на изградбата на амбасада во Австралија
Date: