Род Стјуарт се јави во програма во живо и ги критикува конзервативците

Date:

Британскиот поп-рок пејач и текстописец Род Стјуарт во четвртокот се јави во програма во живо на „Скај њуз“ за да го критикува здравствениот систем повикувајќи ја владата да се повлече и да ѝ даде шанса на опозициската Лабуристичка партија.

Стјуарт, познат по своите хитови од 70-тите, Maggie May и Do Ya Think I’m Sexy, говореше во емисија посветена на кризата во британскиот Национален здравствен сервис (NHS), а во која имаше телефонски повици од граѓани.

„Ова е премногу тажно за медицинските сестри“, рече Стјуарт. „Ова е навистина потресно. Сите овие години што живеам во оваа земја никогаш не било толку лошо“.

NHS, финансиран од државата, до неодамна беше гордост за многу Британци, но сега е под силен притисок поради недоволно инвестирање и последиците од пандемијата, што резултира во штрајк без преседан на медицинските сестри и другиот медицински персонал.

„Мислам дека оваа влада треба да се повлече и да ѝ даде шанса на Лабуристичката партија“, рече Стјуарт (78) истакнувајќи дека тој долго време е конзервативец.

Тој откри дека во средата се пријавил во празна приватна клиника за радиолошко скенирање додавајќи дека многу пациенти умираат затоа што не може да добијат рендгенска снимка.

Потоа се понуди да плати 10 или 20 прегледи за граѓаните и изрази надеж дека и другите што може да го сторат тоа ќе го следат примерот.

„Не ми треба публицитет. Само сакам да направам добра работа“, рече тој пред да го заврши телефонскиот разговор и испеа неколку стихови од песната .Maggie May.

„Разбуди се, Меги, мислам дека имам нешто да ти кажам“, запеа Стјуарт со својот специфичен рапав глас, кој оваа песна ја направи хит во 1971 година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...