Рајан Гослинг неодамна работеше на филмот Барби, во кој го глумеше Кен.
Тој филм доаѓа во кината ова лето, а Гослинг веќе работи на нов проект. Во „The Fall Guy“, тој го игра каскадерот Колт Сиверс.
Се појавија првите фотографии од снимањето на филмот, а Рајан го променил имиџот. Тој носи подолга брада од вообичаено и има изветвена коса.
Во филмот во режија на Дејвид Лајч, покрај Гослинг, главните улоги ги толкуваат Емили Блант, Арон Тејлор-Џонсон и Винстон Дјук.
Овој акционен трилер е за исчезната филмска ѕвезда, чии каскадерски сцени ги снима неговиот поранешен партнер и е базиран на истоимената телевизиска серија од 1980-тите. Се снима во Австралија и според најавите треба да излезе во март 2024 година.