Рамка од пушка е пронајдена во тоалет во основното училиште „25 мај“ во скопската населба Ченто, соопшти полицијата.
„Во средата (31.05.2023) во 07:55 часот во ОУ „25 ти Мај”, лоцирано на улицата „Алија Авдовиќ” во Скопје, во машкиот тоалет од страна на хигиеничар пронајдена е рамка од пушка“, велат од МВР.
Од полицијата додаваат дека веднаш по добиената пријава презеле соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.