Најдобрите македонски ракометари ги продолжуваат подготовките за настапот на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 година.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров денеска од 20.15 часот ќе го играат првиот натпревар на „Кроација куп“ во Пореч против домаќинот Хрватска.
Нашата селекција в сабота (7 јануари) ќе има уште еден меч на турнирот против Израел (20.15 часот).
Потсетување дека на Мундијалот, Македонија е во група со репрезентациите на Норвешка, Холандија и Аргентина.