Работните места во Македонија како минско поле

Date:

Во Македонија се гине двојно почесто на работа, отколку во ЕУ. Ако се додадат и смртните случаи од болести на работното место, тогаш ситуацијата е уште пострашна, велат во Македонското здружение за заштита при работа, пишува Дојче Веле.

Македонскиот работник има двојно поголеми шанси да загине на работното место отколку неговиот колега во Европската унија, покажуваат податоците на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР).

Според годишниот извештај на МЗЗПР, во 2022 година нотирале 22 смртни случаи и 147 повреди при несреќи на работно место. Во извештајот се нагласува дека ова е конзервативна проценка, затоа што според податоците на Институтот за јавно здравје до 2020 година има околу 1.500 потешко повредени на годишно ниво.

Според извештајот, во Македонија во просек годишно гинат над тројца работници на 100 илјади вработени, додека во Европската унија гинат околу двајца. Во поразвиените европски земји има по помалку од еден смртен случај на 100 илјади работници.

Бројките за загинати при работа на Трудовиот инспекторат и на Здружението за заштита при работа се различни. Здружението ги смета сите што загинале додека работеле, додека инспекторатот само оние за кои има пријава за повреда на работно место.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...