Рускиот претседател Владимир Путин денеска на состанокот на Советот за безбедност изјави дека „злосторници“ се обидуваат да ја дестабилизираат Русија, но дека властите ќе направат се за да го спречат тоа.
„Мораме да направиме се што можеме за да се осигураме дека тоа нема да им биде дозволено под никакви околности“, рече Путин, пренесува РИА Новости.
Тој посочи дека е неопходно да се посвети посебно внимание на оваа област бидејќи непријателските земји преземаат различни акции со цел да ја дестабилизираат Русија каде живеат 190 етнички групи.