Против Рамиз Мерко 16 предмети се активни, но 14 застареле

Date:

Кривичното досие на градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко регистрира сомнежи за 30 кривични дела од 2006 до 2023 година. Ревизорската комисија на ОЈО соопшти дека активни се 16 кривични пријави, а 14 други го исполниле условот за апсолутна застареност. Предмети формирани и во процедура во рамките на редовното Обвинителство против Мерко во моментов се вкупно 11.

Основното јавно обвинителство Струга води 4 предмети, два од 2019 година и уште толку од 2022 година. Постојат и две предистражни постапки започнати од 2021 година кои се однесуваат на конкретни проекти во Општина Струга.

Дополнително на редовното обвинителство, она за гонење на организиран криминал работи на дополнителни случаи.

„Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција работи на 5 предмети. Меѓу нив е и случајот со спорната постапка за набавка на автомобили во Општина Струга. Во постапката се вклучени Антикорупциската комисија и Државниот завод за ревизија. На обвинителот од случајот му се дадени конкретни препораки за понатамошни активности“, наведоа од ЈО.

За време на контролата во струшкиот суд било разговарано и со обвинителите кои биле испрашани дали имале притисоци или некакви политички пречки. Исто така, препорачано е да се ажурираат активностите во случајот и да се преземат чекори во законските рокови. Една од мерките што се очекува да се преземат по контролата во Струга е средбата што ќе ја иницира главниот обвинител заедно со министерот за внатрешни работи, Државната ревизија, Антиорупциската комисија и Финансиската полиција со цел активирање на националниот фронт за борба против корупцијата. Постапките на обвинителството за контрола во Струга дојдоа по одлуката на американскиот Стејт Департмент, на Рамиз Мерко и неговото семејство да им биде забранет влез во САД поради сомневања за значителна корупција и мешање во судството.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...