Полицијата во камион на Арачиновец пронајде 200 килограми прехранбени производи со изминат рок на траење, по што во магацин откаде била натоварена најде уште 600 килограми храна со поминат рок и амбалажа за пакување на прехранбените производи.
„Вчера во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.
Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на подрачјето на Гази Баба, сопственост на Б.М.(45) од село Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.
Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.