За 24 часа на граничниот премин Прешево-Табановце во двата правца поминале околу 24.000 возила, јави Данас, повикувајќи се на извори во Граничната полиција на Србија.

На граничниот премин Прешево на излез од Србија кон Македонија во вторникот попладне се чекаше од 60 до 90 минути, а најголемите редици беа на влезот во Србија од правец на Македонија.

Како што соопшти АМСС на патничките терминали на граничните премини на излез од Србија, на преминот Прешево се чека 30 минути.

Деновиве на граничниот премин Прешево-Табановце на излез од Србија се отворени 12 пунктови, а на влез од правец на Македонија функционираат седум пунктови.

Граничниот премин Прешево е интегриран и не постои меѓузона.