Телото, кое беше откриено во планинската пустина во близина на планината Балди, беше однесено во канцеларијата на судскиот совет за идентификација, се вели во соопштението на шерифот на округот Сан Бернардино, но деталите засега не се достапни.

65 годишниот Сендс, кој беше страствен планинар, исчезна на 13 јануари додека се искачувал на врвот висок 3.048 метри, источно од Лос Анџелес.

-Продолжуваме да го чуваме Џулијан во нашите срца со убави спомени за него како прекрасен татко, сопруг, истражувач, вљубеник во светот на природата и уметноста, како и оригинален изведувач, се вели во соопштението.

Сендс е најпознат по улогата во филмот „Соба со поглед“ од 1985 година.

Тој беше во брак со новинарката Евгенија Читковиќ и има три возрасни деца. Потрагата по Сендс е во тек од 17 јуни, соопштија властите.