Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска на саемот за венчавки се појави за првпат, после една година борба со канцерот,со кратка коса. Лила и покрај тешката година низ која мина, денес конечно со насмевка на лицето, во црн секси фустан и во свој стил настанот го сподели на социјалните мрежи.

На отворањето на Саемот за венчавки, кој се одржа во хотелот Александар Палас, помеѓу  познатите личности кои продефилираа на модната писта, беше и Лила.

Таа за првпат проговори за борбата со ракот, но и првпат се појави на јавен настан без перика туку со својата природна коса.

На Инстаграм пак напиша : „Прв пат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот не е непобедли, а јас сум доказ.