Тимот од осум пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица, специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Дирекцијата за заштита и спасување, почнувајки од вчерашните попладневи часови и преку целата ноќ, сеуште работи на својата позиција.

Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција,во градот Adiyania, кој е речиси целосно уништен работи на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе. Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот.