Секоја година се помал е бројот на запишани студенти по македонски јазик. Начинот на вработување и платите ги демотивираат младите луѓе. Доказ за тоа се ланските уписи кога на Филолошкиот факултет на УКИМ во првиот уписен рок се пријавиле само 16 студенти, а имало 190 слободни места. Ситуацијата не е подобра ниту на другите универзитети каде бројката на студенти се пополнува половично. Министерството за образование и наука нуди стипендии за овие студенти, но ниту тоа не е доволно.
-Министерството за образование и наука од оваа академска година доделува стипендии за овие студиски програми со цел да се мотивираат и стимулираат идните македонисти за активно вклучување во развојот и промоцијата на македонскиот јазик, вели Агим Нухиу, заменик министер за образование и наука.
Министерството за култура во обид да го спасат македонскиот јазик дадоа предлог закон во кој се предвидува да се прошират областите во коишто задолжително ќе се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Со тој предлог закон се дава основа Собранието да донесе Национална стратегија за македонски јазик, а во него ќе учествуваат високо образовни институции и научни установи. Со негово усвојување се предвидува поставување на лектор во сите институции, а со тоа и зголемување на вработувањето на дипломираните студенти по македонски јазик и решавање на нивниот проблем.
Постои ли начин за зголемување на бројот на студенти по македонски јазик?
Date: