„Постапете како да сум ваше дете, ова е крајно понижувачки“, им порача пациент со цистична фиброза на премиерот и на претседателот

Date:

Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, преку фотографии од болнички кревет одново упати критики што лекот „трикафта“ не е ни блиску до набавка, но и жалење, што на ваков начин го остварува правото на лек. Тој не добил ниту пристојно работно место, па ги праша Владата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски: „Повторно чекате да се вратам во болнички кревет?“

„Никому не би му посакал на ваков начин да си ги остварува своите права за работа и лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте, тоа е крајно понижувачки! Господа, уште колку време треба да чекам за лекот ‘трикафта’ и за пристојно работно место, а не какво било… Или повторно чекате да се вратам во болнички кревет? Постапете како да сум ваше дете!“, напиша Пехчевски на „Фејсбук“.

Пет дена по соопштувањето дека парите за набавка на „трикафта“ за најитните пациенти се обезбедени и дека нема да дозволи да почине уште еден пациент со цистична фиброза, премиерот Димитар Ковачевски вели дека се преговара за набавка на лекот. Министерството за здравство, Фондот за здравство и Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести работат на набавка на лекот. Тој не кажа кога најрано би стигнал лекот кај пациентите иако пред пет дена беше згрозен од сложените и бирократски процедури. Неговиот одговор денес на прашањето за набавката на „тиркафта“ беше дека во наредниот период сите работи ќе бидат завршени.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...