Патрик Махоумс беше предводникот на Канзас Сити Чифс до победата во спектакуларното финале на Супербоулот во кое Чифс беа подобри од Иглс со 38:35.

Двата тима одиграа натпревар со голема борба и низвесноста беше присутна до самиот крај. Такви беа и прогнозите, тешко беше да се издвои фаворит и пред почетокот на натпреварот.

Иглс беа подобри во првиот дел и имаа предност од 24:14, сепак тоа на крајот не беше доволно за да се радуваат на победата. По паузата на полувремето Чифс заиграа многу подобро во вториот дел и во последните секунди ја обебзедија победата.

Победата Чифс ја обезбедија на со филд-гол на само осум секунди до крајот.

Махоумс беше избран за МВП завршувајќи го мечот со 182 јарди додавања и три тач-дауна. За него ова е втора титула со Канзас.