Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, сака таа да ја зголеми издршката за децата на 40.000 долари месечно.

Имено, тој сака поголема сума сега кога нивните деца целосно живеат со него. Досега Федерлајн добиваше сума врз основа на половина од времето поминато со своите синови.

Шон Престон (17) и Џејден Џејмс (16) живеат со својот татко во последните неколку години, а минатиот месец со него се преселиле на Хаваи.

Според TMZ, тој дури планира да оди на суд за да го реши прашањето за алиментацијата. Сепак, она што е важно да се напомене е дека денеска нивниот најстар син наполни 18 години и затоа Бритни не треба да дава алиментација за него. Сепак, таа е обврзана да плаќа алиментација на нивниот втор син Џејден до јуни 2025 година.

Медиумите се обратија до претставник на Федералајн, но не добија одговор. Меѓутоа, неговиот адвокат Марк Винсет Каплан претходно изјави дека момчињата долго време не биле во контакт со нивната мајка и дека повторно почнале да комуницираат со неа дури во јули оваа година.

Потсетуваме дека веста за алиментација доаѓа среде нејзиниот развод со вториот сопруг Сем Асгари. Инаку, Спирс беше во брак со Федерлајн од октомври 2004 до јули 2006 година, а синовите ги роди во 2005, односно 2007 година.