Поранешната НБА ѕвезда која своевремено беше 11 пик на драфтот, Теренс Вилијамс е уапсен и осуден на 10 години затвор поради измама со здравствено осигурување, објави ЕСПН “.
Според информациите, поранешниот играч на Бостон, Сакраменто, Њу Џерси и Хјустон, во договор со стоматолози од Калифорнија и Вашингтон, фалсификувал медицински извештаи и незаконски присвоил околу пет милиони евра.
– Како кошаркар заработивте многу пари, но ги потрошивте сите и сега се обидовте незаконски да присвоите тоа што не ви припаѓа, за што сте одговорни – изјави судијата Валерија Капрони по изрекувањето на пресудата.
Вилијамс го призна делото за кое е обвинет, па следните 10 години ќе мора да ги помине зад решетки.
Неговиот случај беше дел од пошироката истрага што доведе до кривична пријава против 18 поранешни играчи на НБА.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]