Завесата за оваа сезона во ракометната Лига на шампионите ќе биде спуштена во месец јуни, но вчера го дознавме патот кој четирите екипи ќе мора да го минат ако сакаат да бидат најдобри, да ја кренат титулата во Келн.

Ждрепката донесе пресметка меѓу Пари Сен Жермен и Кјелце што значи ќе имаме надмудрување на два големи стратези, Раул Гонзалес и Талант Душебајев. На другатата страна пак Барселона како актуелен европски шампион ќе се соочи со бундеслигашот Магдебург.

Полуфиналните средби во „Ланксес Арена“ се закажани за 17 јуни од 15:15  и 18 часот, додека пак битките за третото место и финалето се играат наредниот ден во истите термини.