Плоштадот Македонија полн со донациите за загрозените од земјотресот во Турција

Date:

Веднаш по катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, на плоштадот Македонија во Скопје беше поставен пункт за донации, каде граѓаните донираат за семејствата погодени од земјотресот.

Еден од иницијаторите кои го поставија пунктот на плоштадот, Давер Нуредин, во изјава за „Слободен печат“ рече дека е изненаден од бројот на донации кои ги оставаат граѓаните.

„Во рок од 24 часа добивме големо изненадување од нашите граѓани. Не очекувавме волку голема количина на помош“ изјави Нуредин.

Како што вели тој, луѓето најмногу испраќаат ќебиња, топла облека и храна.

„Неколку камиони ќе заминат и во останатите градови низ Македонија, како Битола, Прилеп и Штип. Оттаму се очекува тие да бидат испратени за Турција“ изјави организаторот.

Денеска се очекува првиот камион да биде испратен во Турција, а се очекува таму да пристигне за 2 до 3 дена, раскажа тој.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...