Необична сцена се случила на аеродромот Аресифе на шпанскиот остров Ланзароте бидејќи авионот на „Изиџет“, кој требало да лета за Британија, бил „премногу тежок за да полета“.
Летот од аеродромот Ланзароте до аеродромот Џон Ленон во Ливерпул бил одложен поради тежината на авионот и лошите временски услови. Авионот требало да полета во средата во 21 часот и 45 минути, но од шпанскиот аеродром полетал дури околу 23:30 часот.
Во видеото снимено од патник, пилотот им рекол: „Ви благодариме што дојдовте денес. Бидејќи ве има многу, авионот е доста тежок. Тежината на авионот во комбинација со прилично кратката писта и моменталните неповолни услови значи дека авионот е премногу тежок за да полета. Безбедноста е наш приоритет број еден. Нема шанси, со сегашните услови на ветерот, да го кренеме овој авион во воздух. Има голем број фактори – многу е топло, ветрот не е фантастичен, насоката не е одлична“, пренесува „Дејли мејл“.
-Можеби се прашувате што ќе се случи понатаму, и тоа дојдов да кажам. Зборував со нашиот оперативен тим и еден начин да се реши проблемот со тежината на авионот е да се направи малку полесен. Ако е можно, би сакал да замолам 20 волонтери да изберат да не летаат за Ливерпул вечерва. Ако некој сака да волонтира, ќе добие поттик. „Изџет“ во моментов ни понуди и до 500 евра за секој патник што е подготвен да не лета вечерва – изјави пилотот.
Патниците со неверување одмавнале со главите и промрмореле дека вечерва сакаат да си одат дома. Сепак, некои од нив ја прифатиле понудата. Портпаролот на „Изиџет“ изјави дека 19 патници биле префрлени на подоцнежен лет бидејќи авионот го надминал ограничувањето на тежината за временските услови. Авионот полетал дури во 23:24 часот, а на аеродромот Џон Ленон пристигнал нешто по 3 часот по полноќ.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]