Дали некогаш сте летувале одвоено од вашиот романтичен партнер? Без разлика дали ќе одлучите да го направите тоа намерно или едноставно не можете да добиете одмор во исто време, летувањето одвоено од вашиот партнер всушност може да направи чуда за вашата врска.

Еве ги начините.

  1. Повеќе се фокусирате на други врски

Како што старееме, нашата среќа повеќе не зависи од тоа дали имаме партнер или не, според истражувањето објавено во The Journal of Gerontology, чиј автор е Ана Богер и Оливеар Хаксхол, туку од тоа какви се нашите односи со другите луѓе. Клучно за среќата е да имате пријатели и да се чувствувате како дел од заедницата.

Во долга врска лесно е на некој начин да станете зависен од партнерот. Тоа ни станува навика без воопшто да го сфатиме. Но, одењето на одмор со пријатели или дури и роднини ќе ви овозможи да инвестирате време во други врски во вашиот живот.

  1. Можете да уживате во она што навистина ве интересира

Многу партнери немаат исти списоци со желби кога се во прашање одморите. Додека некој може само да сака да лежи на плажа една недела, друг можеби сака поактивен одмор. Многу е можно вие и вашите пријатели, наместо партнерот, да имате исти интереси, па тоа е можност да уживате максимално барем неколку дена, без да имате чувство дека треба да ја влечете својата друга половина на нешто против негова волја.

  1. Имате можност да ги погледнете можните предизвици во врската од друга перспектива

И во најсилните партнерства се случуваат кавги и проблеми. Нема љубовна врска без проблеми. Освен тоа, ниту еден пар не може да биде заедно 24 часа на ден, седум дена во неделата. Порано или подоцна со ова темпо ќе има несогласувања.

Затоа одвоениот одмор е добра можност да побегнете од се и да добиете поинаква перспектива на вашата врска. Тогаш ќе сфатите дека предизвиците за кои мислевте дека се големи се всушност безначајни ситници. Можеби ќе сфатите дека сте претерале во расправијата. И можеби ќе разберете како завршила врската. Како и да е, од посебен летен одмор ќе се вратите посигурни во она што го сакате.

За здрава љубовна врска потребно е да имате време за себе.

  1. И двајцата ќе имате корист од разделеноста

Посебното патување во врската е уживање кое се протега на двете страни. Кога вашиот партнер ќе остане без вас, тоа значи дека и вие можете да уживате во некое време за себе. На пример, кога не сте дома, тоа е можност вашиот партнер да игра игри, да се дружи со момците и да ги прави сите работи што можеби ги запоставил во последно време.

Во меѓувреме, можете да го правите она што вообичаено не го правите со него. Но, тоа не значи дека секогаш треба да патувате одделно. Тоа е само неколку дена разлика што ќе ве натера уште повеќе да го цените вашето време заедно. Патувањето со партнер и патувањето без партнер не се исклучуваат меѓусебно.

  1. Доаѓањето дома ќе биде послатко

Враќањето од летен одмор никому не му е лесно. Веќе ја нема еуфоријата што ја чувствувавме пред патувањето и речиси се плашиме да се вратиме на работа и нашата рутина. Меѓутоа, ако некој близок ве чека дома, враќањето ќе биде многу побезболно. Покрај тоа, со нетрпение ќе чекате да се вратите дома. Истото важи и во спротивниот случај. Се случува сосема поинаква динамика отколку кога и двајцата се враќаат дома од некаде. Покрај тоа, можете да развиете свој ритуал по враќањето дома, како на пример да одите заедно на романтична вечера и да ги раскажувате сите авантури од одморот.