ПЕТТИОТ И ПОСЛЕДЕН ФИЛМ ЗА ИНДИЈАНА ЏОНС ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО КАН

Date:

Петтиот дел од авантуристичкиот серијал „Индијана Џонс“ ќе има светска премиера на 18 мај на фестивалот во Кан, соопштија организаторите. Кан притоа ќе ѝ оддаде посебно признание на кариерата на 80-годишниот Харисон Форд.

Премиерата на „Dial of Destiny“, во режија на Џејмс Менголд, доаѓа цели 15 години по „Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“, кој исто така имаше премиера во Кан. Најавен како последен дел од серијалот, филмот ќе почне да се прикажува во кината во САД на 28 јуни.

Претходно беше најавено дека и новиот филм на Мартин Скорсезе, „Killers of the Flower Moon“, ќе има светска премиера во Кан.

„Indiana Jones and the Dial of Destiny“ се случува во 1960-ите, на врвот на вселенската трка помеѓу САД и Советски Сојуз. Мадс Микелсен и Антонио Бандерас се негативците во филмот, прв што не го режираше Стивен Спилберг, додека Џон Вилијамс се врати како автор на музиката.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...