Претседателот Стево Пендаровски доставил листа со 14 листа до МВР, на кои на 4 февруари треба да им биде забранет влез од Бугарија во Македонија, дознава Телма.

Ова е обид како превентивна мерка да се спречи влез на бугарски државјани кои имаат намера да провоцираат на денот на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Истовремено стигна и одговор од Бугарија дека соседот ќе направи се што е потребно да се избегне влез на гости кои имаат намера да се слуѓат со провокации, а понудена е и помош ако треба за македонските колеги од полицијата.

И денеска полицајци во униформи и во цивил се распоредени околу црквата „Св. Спас“ за да го обезбеди просторот и пристапот кон гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев од евентуални инцидентни состојби.