Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва го има најтешкото гостување во групната фаза од Европската лига на ЕХФ.

„Зелено-белите“ пред себе ќе го имаат еден од главните фаворити за трофејот во ова натпреварување, Фуксе Берлин, а Ларс Валтер веќе го објави списокот на ракометари со кои ќе настапи на гостувањето во Германија. Еурофарм Пелистер на бундеслигашот ќе му се спротистави без искусното крило Гоце Ојлески, како и без данскиот бек Хенеберг, додека во составот се враќа Суси, кој не настапи со Алкалоид.

Натпреварот во Берлин започнува од 20:45 часот, а истиот ќе биде последен на гости за пелистерци.