Парис Хилтон го откри името на синот: Го именуваше по моќна птица од грчката митологија

Date:

Богатата наследничка Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син преку сурогат-мајка, а среќната вест дека чекаат бебе ја чуваа во строга тајност. Ова е прво дете на Парис, а второ на нејзиниот сопруг кој има 10-годишна ќерка која наводно ја видел само еднаш во животот.

Еден месец по откривањето на среќната вест славната мајка го откри името на новородениот син.

„Моето прекрасно момче се вика Феникс Барон Хилтон Реум. Картер и јас сме многу горди што му посакавме добредојде на овој свет“, рече таа во подкастот „This is Paris“. Манекенката изјавила дека планира да добие ќерка, на која ќе и го даде името Лондон.

„Со години размислувам за имињата на бебињата“, додаде Парис, истакнувајќи дека Феникс се залага за „надеж и повторно раѓање“. Средното име на момчето, Барон, го избрала Парис во чест на нејзиниот покоен дедо, Барон Хилтон.

За потсетување, Парис Хилтон на крајот на јануари го изненади светот со фотографија на Инстаграм на која објави дека станала мајка.

„Да бидам мајка отсекогаш ми беше сон. Многу сум среќна што Картер и јас се најдовме. Возбудени сме што ќе продолжиме да го градиме нашето семејство заедно. Нашите срца ќе пукнат од љубов кон нашето мало момче“, таа рече тогаш. Инаку, сопружниците добија дете преку сурогат мајка.

Ова е прво дете на Хилтон, додека нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лаура Белизи.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...