Христијан Пендиков,  ја завршил процедурата за добивање на бугарско држјавнство, објавија медиумите од Бугарија.

Молбата на Пендиков за добивање на бугарско државјанство била одобрена од надлежните институции во Софија и тој ги добил бугарскиот пасош и личната карта.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова лично на официјална церемонија му го врачи бугарското државјанство на Христијан Пендиков.

Јотова рече дека врачувањето и претставува огромна чест и од денес Пендиков ќе има заштита од бугарските институции и станува граѓанин на Бугарија и Европската Унија.