Охрид го живее најскапото лето досега.Цените на угостителските услуги во локалните ресторани и кафетерии особени во оние сместени покрај самото езеро го достигнаа максимумот. Охриѓани и туристите цените ги споредуваат со оние во европските метрополи. Дури и пиењето на кафе станува луксуз.За ова задоволство со поглед на езеро треба да платите и 2,5 евра, односно 150 денари.

„Тоа што е претерано е претерано.Тие цени од 200 денари кафе не оди“.

„Превисоки се.И услугите во Охрид се превисоки, се е поскапено.
Колку охриѓани со овие цени можат да си дозволат да излезат?.
20 посто, сите други плачат.Никој не е крив.Нашата држава многу попушти. Треба да се средат горе за да и народот биде среден“.

„Сметам дека се високи, но со оглед на тоа дека Охрид е туриситчко место, сигурно дека еден дел мора да има и повисоки цени“.

„Се е скапо.Неможам да оделам ништо.Исто како да се наоѓаш во Грција или во некоја друга држава. “.

„Не ни е прв пат овде и отприлика знаеме што и како“.

Цените оваа сезона во однос на ланската година се најмалку за 20 до 30 % повисоки.

Цени на угостителски услуги

1.кафе макијато 120-150 денари
2.кафе еспресо од 100-150 денари
3.пиво 120-180 денари
4.бургер 330-600 денари
5.пица 350-450 денари
6.газиран сок 110-140 денари
7.појадок-јајце на око, сланина, сирење-350 денари

На некои места топка сладолед се продава по 100 и 120 денари.

„Затоа што суровините кои ги користиме за изработка се пет пати повисоки од тие што можеме овде да ги најдеме и ги увезуваме директно од Италија. За нас македонски стандард многу работи се превисоки кога станува збор за висина на цени.Но сметам дека треба да има и нешто вака. Не сме само ние локалците, има многу туристи и странци кои доаѓаат.Јас мислам дека треба да има за сечиј џеб и кај мене има и од 70 денари. Според мене е во ред“,изјави Александра Ноческа-сопственичка на продавница за сладолед.

Угостителите убедуваат дека нудат најетвини цени.

„Охрид е најубав и најефтин од цела Европа. За добро вино, добра риба, добро некое јадење, цените се симболични.Сигурен сум дека на други места цените се дупло поскапи. Охрид не е за потценување“, рече Марјан Лаброски-сопственик на угостиелски објект.

Експертите сметаат дека цените не треба нагло да се зголемуваат, туку да се работи на проширување на туристичката сезона која би можела да трае 6 месеци.

Експертите сметаат дека наместо зголемување на цените, треба да се работи на проширување на туристичката сезона најмалку шест месеци во годината, а со тоа Охриѓани нема да бидат туристи во својот град.