Филмскиот фестивал во Кан започна , а меѓу првите што прошетаа на црвениот тепих беа големите холивудски ѕвезди брачниот пар актери, Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс кои пристигнаа со нивната ќерка.

Легендарниот Мајкл Даглас беше награден со почесна Златна палма на свеченото отворање.

На стартот на престижниот фестивал беше прикажан филмот „Jeanne du Barry“ од периодот на Луј XV. Филмот го означува враќањето на актерот Џони Деп во кино.

Американскиот глумец Мајкл Даглас ја доби почесната „Златна палма“ на отворањето на 76. издание на Филмскиот фестивал во Кан. Претставувајќи го Даглас, неговата колешка, глумицата Ума Турман го опиша како „еден и единствен – и како продуцент, и како легендарна филмска ѕвезда“.

– Ова ми значи многу, бидејќи има толку многу фестивали ширум светот, но има само еден Кан!, рече 78-годишниот глумец, оценувајќи ја наградата како – неверојатна чест.

Коментирајќи го фактот дека е „постар од фестивалот“, Даглас се осврна на својата кариера и кариерата на неговите соработници во филмската индустрија. Тој на настанот пристигна со својата сопруга Кетрин Зета-Џонс.