Првите 45 осуденици за непочитување на ковид-мерките кои немале пари да ги платата казните се пуштени на слобода, потврди директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов, ви интервју за „Макфакс“.

Со законските измени, на осудениците затворската казна им се заменува со условна од страна на кривичниот суд.

Андонов вели дек со оваа мерка дополнително се ослободиле голем дел од капацитетите.

„Ова не е класична амнестија, туку тука се заменува казната во условна казна“, вели Андов.

95 отсто од граѓаните кои не ги почитувале мерките и не плаќале казна – завршувале во затворот во Шутка.

Во затворот поминале 87 затвореници, осудени дека не ги почитувале прописите за заштита од коронавирус односно полицискиот час кој беше во сила.