ОМД на средба со Ковачевски: Македонците во соседните земји се тотално обесправени

Date:

Обединетата Македонска Дијапора, невладина организација на иселениците во САД, соопшти дека оствари средба со премиерот, Димитар Ковачевски, во амбасадата во Вашингтон. На средбата со претседателството на ОМД присуствувале и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот Зоран Попов.

Како што велат од таму, на премиерт Ковачевски, кој е во своја прва официјална посета на САД откако е шеф на Владата, му било кажано дека ова претставничко тело на македонската дијаспора не се согласува со уставните измени и со тоа што има непропорционално застапен број на министри во Владата од другите етнички заедници.

„ОМД ги потврди и изрази своите долгогодишни ставови против промената на името како и било какви уставни промени како услов за почетокот за преговорите за членство во Европската Унија и последиците кои доаѓаат со тие измени. ОМД посочи дека во Македонија малцинствата ги уживаат сите демократски права, и дека во ниедна друга држава во Европа нема толку министерски позиции застапени од страната на малцинствата. ОМД посочи дека правата на Македонците во соседните земји се тотално обесправени. 

ОМД и Премиерот Ковачевски имаа отворена дискусија околу унапредување на односите со дијаспората – најголемиот промотор и амбасадор на Македонија ширум светот. ОМД побара дигитилизација на сите услуги кои и се достапни на дијаспората преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи.

ОМД го поздрави стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД. ОМД активно се залага за потпишување на договор помеѓу Македонија и САД против двојно оданочување, како и за тоа Македонија да стане дел од листата на земји со безвизен режим. ОМД изрази благодарност за отворената врата на Амбасадорот Зоран Попов, како и премиерот Димитар Ковачевски за отворениот дијалог и ќе продолжи со своите напори во зголемување на поддршката за Македонија во Конгресот на САД преку Групата за Пријателство со Македонија и македонско-американската заедница во која членуваат 37.”гласи соопштението.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...