Речиси еден милион евра, толкави се штетите кои невремето ги направи во патната инфраструктура во Делчево. Дополнително ќе се прави проценка за санирање на атмосферската канализација, еден мост на река Брегалница, како и регулирање на водотеците кои се слеваат во Делчево. Извештајот е испратен до Министерството за транспорт и врски, од каде ќе се достави до Влада и на седница се донесе Одлука колкава помош ќе добие градот. Од вчера со работа започна и Комисијата за проценка на штети. Само во првите два дена поднесени се 60пријави.
„Има направено финансиска конструкција од околу 1милион евра, а за регулациија на речните водотеци е дадено во должина метри. И затоа се прави финансиска конструкција која повторно ќе биде доставена до министерството„ изјави Горан Трајковски
Врнежите од дожд продолжија и денес, но опасност од нови поплави во градот засега нема, смирува Трајковски. Критична точка е делчевската населба Трети Реон. Поради појавено свлечиште, постои голема опасност од срушување на куќа. Дека постои опасност од свлечишта, во саботата алармираше и деканот на Градежниот факултет при УКИМ
„Со оглед на климатските промени од тоа што го гледаме кај нас и во соседството мора да бидемее свесни дека вакви работи ќе има се почесто и затоа и технички мора да се подготвуваме„ изјави деканот на Градежен факултет, проф.Горан Марковски.
Силните врнежи од дожд во петокот направија хаос во Делчево. Беа поплавени домови, подруми,возила, а надојдената вода поткопаа улици во градот, како и магистралниот пат Кочани-Делчево. Според синоптичарите за повеќе од еден час наврнале 65литри на метар квадратен.